Појас Газа: Медијаторите се обидуваат да ги надминат разликите во мировните преговори

Медијаторите вклучени во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се обидуваат да ги надминат разликите меѓу израелската и палестинската делегација по една недела индиректни разговори во Катар, изјави денеска неименуван функционер близок до разговорите.

„Медијаторите активно бараат да истражат нови механизми за да помогнат во надминувањето на преостанатите разлики и одржувањето на моментумот на преговорите“, рече функционерот.

Од друга страна, палестинското движење Хамас денеска го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека одбива да постигне договор за прекин на огнот во Газа.

„Нетанјаху е вешт во пропуштањето на една рунда преговори по друга и одбивањето да постигне договор за прекин на огнот“, се вели во соопштението на палестинското движење.

Војната во Појасот Газа започна во октомври 2023 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни