Медијатон: Младински гласови за општествена промена

Целта на овој настан е да ги охрабри и активира младите да создаваат медиумска содржина која се однесува на современите општествени предизвици како што се врсничкото насилство, социјалната инклузија и поттикнувањете на заедничкото добро

На самиот почеток на новата учебна година, СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации подготвува креативна и едукативна авантура за сите средношколки и средношколци од град Скопје Медијатон: Младински гласови за општествена промена. Целта на овој настан е да ги охрабри и активира младите да создаваат медиумска содржина која се однесува на современите општествени предизвици како што се врсничкото насилство, социјалната инклузија и поттикнувањете на заедничкото добр.

Целна група се средношколци на возраст од 14-19 години, а времетраењето е 4 месеци, од септември до декември 2024. Рокот за аплицирање е 23 септември.

Ова се локалните предизвици што ги таргетираат

Врсничко насилство 👉 Инклузија👉 Поттикнување на заедничко добро

Подетални информации за предизвиците може да погледнете на: https://link.innovationlab.mk/medijatonpovik

Агенда

Пред-работилница 1: Истражување – Како ги откриваме предизвиците околу нас?

30 септември 2024 (2 часа, онлајн) – Работилница 1: Дефинирање на предизвик и развој на идеи10 октомври (8 часа, физички)

– Индивидуална работа на тимот (11 – 21 октомври)

– Работилница 2: Подготовка и споделување на медиумска содржина

– 22 октомври (8 часа, физички)

– Индивидуална работа на тимот и менторски сесии (23 октомври – 15 ноември

Линк до формулар за аплицирање:

https://link.innovationlab.mk/medijaton

Подетални информации:

https://link.innovationlab.mk/medijatonpovik

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни