МЕД објави јавен повик за изработка на План за управување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“

Македонското еколошко друштво (МЕД), преку проектот „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван во соработка со Општина Ресен и Национален парк „Галичица“, објави јавен повик за изработка на План за управување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“.

Заинтересираните субјекти документацијата треба да ја достават по пошта или лично, во согласност со условите наведени во тендерската документација, најдоцна до 3 септември 2025 година (среда) до 15:00 часот, на една од следниве адреси:

  • Канцеларија Скопје – ул. „Тодор Скаловски“ бр. 9А, 1000 Скопје
  • Канцеларија Ресен – ул. „Гоце Делчев“ бр. 7, 7310 Ресен

Понудите треба да бидат со јасна назнака „За јавен повик бр. 01/2025“ и текст „да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите“.

Документацијата за јавниот повик, заедно со критериумите за евалуација, е достапна на интернет страницата на МЕД: www.mes.org.mk. Целосната тендерска документација може да се преземе во ПДФ формат.

Прашалници поврзани со повикот може да се поставуваат исклучиво во писмена форма на е-поштата: zaec@mes.org.mk, најдоцна до 26 август 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни