Мечките во Романија станаа закана за жителите

Кафеавата мечка, која има посебно место во романската митологија и традиција, со векови била симбол на сила и заштита.

Во некои села сè уште се одржуваат годишни танци на мечките, обичај од предхристијанско време за кој се верувало дека носи среќа и ја одвраќа несреќата.

Долги години Карпатските шуми привлекуваа туристи кои се надеваа дека ќе ја видат оваа импресивна животинска единка во нејзиното природно живеалиште. Но, комбинација од фактори како забраната за лов воведена во 2016 година и интензивната изградба што го намали просторот за движење на мечките, доведе до нагло зголемување на нивниот број.

Сè почесто, мечки тешки и до 400 килограми се движат по патиштата и влегуваат во населените места, превртувајќи контејнери за отпад и напаѓајќи сè што ќе им се испречи на патот.

„Долго време се спротивставувавме на отстрел на мечките, но во последните две до три години дојдовме до ситуација што, всушност, е невозможна“, изјави Лоранд Сарвади, сопственик на туристички комплекс во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни