Мечка нападна маж додека собирал печурки кај село Рилево – итно хоспитализиран во Скопје

Вчера утрото, околу 10 часот, во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка додека собирал печурки.

Од нападот се здобил со тешки повреди. По интервенцијата на ловџии кои го забележале, веднаш бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил транспортиран на клиниките во Скопје.

Жителите од Прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, велат дека присуството на мечки во последно време е сè почесто и предупредуваат дека ваквите случаи би можеле да се повторуваат.

Извор:Маркукуле.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни