(ВИДЕО) Мечка качена на маса се гости на тераса од семејна куќа во тетовско Отуње

Семеjство во тетовското село Отуње било домаќин на необичен гостин.

Тие на својата тераса забележале мечка кој привлечена од јадењето оставено на масата на тремот слатко се гости. Додека семејството со мобилен телефон ја снима, мечката мирно, качена на масата со целата своја габаритност, јаде од тепсијата полна со јадење.

Како што пишува „Тетово инфо“ домаќините биле во внатрешниот дел од куќата, а вратата од терасата била затворена, па успеале да ја снимаат и фотографираат мечката.

Откако мечката ќе ги види домаќините, почнува да бега.

Според објавата на медиумот, летово и во други тетовски села, како Сетоле и Једоарце, на камери за видонадзор биле забележани слични примери од посети на мечки кои во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично.

Ова не е прв пример на присуство на мечки во селата во делот на Шар Планина. Минатата година имаше пријавено повеќе напади од мечки, а честопати тие можеа да се забележат и покрај патиштата.

Последен случај беше во јули годинава кога 41-годишна жена од тетовското село Синичане беше нападната од мечка додека се движела по шумски пат во атарот на селото

Претходно во февруари годинава тинејџер на околу 15 години два часа го следела и гонела мечка во атарот на селото Крапа во општина Македонски Брод. Детето не било директно нападнато, ниту повредено од мечката и успеало да избега, но паднало при бегањето, кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома кон селото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни