Мечињата од скопската ЗОО, Мартина и Марко уживаат на швајцарските Алпи

По краток период на адаптација, во резерватот „Ароса“, Марко и Мартина ги добија новите имиња Сем и Џамила

На 21 мај 2022 година мечките Марко и Мартина брат и сестра, кои со години живееја одделно, во две различни живеалишта во скопската Зоолошка, заминаа во Ароса парк во Швајцарија.

Од скопската Зоолошка градина и здружението Four Paws International тогаш заеднички одлучија дека најдобро решение за благосостојба на мечките ќе биде да заминат во еден од резерватите на Four Paws, во Швајцарија.

Тина Мицковска, портпарол на ЗОО – Скопје и активист за правата на животните беше главен иницијатор за соработката и патувањето на мечките. По краток период на адаптација, во резерватот „Ароса“, Марко и Мартина ги добија новите имиња Сем и Џамила.

Пред неколку дена Тина на својот ФБ профил сподели фотографии од Марко и Мартина и напиша:

– Денеска после сите хорори и едно убаво пријатно изненадување. Енџи, девојката која се грижи за мечињата што сега живеат во Швајцарија, на поминување од Скопје ни донесе поздрав од Ароса.. Нашите Марко и Мартина, а сега Сем и Џемила ем се чувани како богови, ем имаат календари, магнети и разгледници со нивните фотографии од уживање. Нивниот нов живот, наспроти тој во дупките со ѕидови каде што живееа претходно во Зоолошка. Ова ми дојде како знак дека нема откажување од мисијата, како што им најдов прекрасен дом на Алпите и се изборив, така и за се друго тука. Борбата мора да продолжи. Секогаш да се вака среќни како на фотографиите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни