Во објава на Фејсбук, Меџити истакна дека Северна Македонија цврсто стои на страната на Украина во борбата за слобода и демократија, нарекувајќи ја поддршката за украинскиот суверенитет и територијален интегритет „праведна и историска“.

Тој го оцени самитот како настан од особено значење за регионот и цела Европа, со порака за продлабочување на партнерството со земјите од Југоисточна Европа во овие тешки времиња.