Меџик Џонсон летува на Јадранот, ги посети Црна Гора и Хрватска

Фото: Фејсбук

Легендарниот поранешен кошаркар на ЛА Лејкерс, Меџик Џонсон со своето семејство летниот одмор го поминува на Јадранското Море во Хрватска и Црна Гора.

Своите впечатоци и фотографиите со семејството тој ги објави на социјалните мрежи.

„Официјално пристигнавме во Хрватска. Го поминавме денот истражувајќи го стариот дел од градот во Дубровник, каде што се снимаше ‘Игра на тронови’“ напиша кошаркарот истакнувајќи дека со сопругата Куки и пријателите си поминува одлично во Хрватска.

Пред да отпатува во Дубровник, Џонсон беше и во Црна Гора, каде што се сретна со Владе Дивац, со кого заедно играа во НБА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни