Во рамки на осмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“, идната недела во Гостивар ќе бидат изведени шест претстави на театри од Албанија, Македонија Косово, Босна и Херцеговина, Грција и Косово.
Шестдневниот фестивал ќе започне на 6 октомври со изведба на преставата „Патуковите итроштини“ во продукција на Тетовскиот театар, режија на Куштрим Бектеши и по текст на Ѓерѓ Фишта.
Наредните денови на репертоарот ќе бидат преставите: „Љуље сајза“ на Експерименталниот театар од Тирана, „Парови“ на Драмски театар од Скопје, „Еден е Мохамед Али“ на Народен театар од Сараево, „Медеа бурка“ на Тесалискиот театар од Лариса, а последната вечер на 12 октомври ќе се игра претставата „Лет над кукавичјето гнездо“ на театарот Адриана од Урошевац.
Меѓународниот фестивал „Отело“ се организира со поддршка од Министерството за култура, Општина Гостивар, Центарот за култура АСНОМ и компании кои ја поддржуваат културата во Гостивар.
Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ со почеток во 20:00 часот, а влезот е бесплатен.