Ден на физичката активност – се воведуваат лекови против дебелината

Секоја година се поголем е бројот на деца, млади па и возрасни кои страдаат од прекумерна тежина. Брзиот начи на живот, неурамнотежената исхрана, како и малата физичка активност си го наплатуваат данокот. СЗО со години предупредува дека дебелината е болест. Но исто така и дека физичката активност не е важна само за физичкото туку и за менталното здравје.

Лековите кои дејствуваат на намалување на дебелината би можеле за првпат да бидат вклучени на основната листа на лекови на Светската здравствена организација (СЗО), листа која се користи во земјите со низок и среден приход, велат од организацијата за Ројтерс.

Група советници на СЗО ќе ги разгледа новите барања за вклучување лекови на списокот, а ажурираната листа на основни лекови се очекува да биде објавена во септември, објави Ројтерс.

Барањето за разгледување на лекови против дебелина поднеле тројца лекари и еден научник од САД. Ја покрива активната состојка лираглутид во лекот за дебелина на Ново Нордиск, Saxenda, чиј патент ќе истече, што ќе овозможи поевтини генерички верзии.

„Дебелината е сè поважен здравствен проблем во многу земји“, истакнуваат од СЗО.

10 мај – Светски ден на физичка активност

Што е физичка активност?

Физичка активност е секое движење на телото што доведува до потрошувачка на енергија (согорување на калории). Брзо одење, качување по скали, пешачење, миење садови, возење велосипед, пливање, трчање, кошарка, фудбал… сето тоа се физички активности.

Зошто е важна физичката активност?

Редовната умерена физичка активност, како што се пешачење, возење велосипед, танцување, не само што прави да се чувствувате добро, туку има и значителни здравствени придобивки: го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и некои видови канцер, помага во контрола на телесната тежина и придонесува за добра психичка состојба. Го подобрува растот и развојот на децата и младите и ја зголемува самодовербата.

Колку движење е доволно?

Според препораките на Светската здравствена организација, возрасните треба да имаат најмалку 150 минути умерена или најмалку 75 минути енергична физичка активност на неделно ниво. На децата им требаат најмалку 60 минути умерена до енергична физичка активност во текот на денот.

Физичката неактивност е глобален проблем на јавното здравство. Физичката неактивност е четврти водечки фактор на ризик за смртноста на глобално ниво со 6% од смртните случаи. Физичката неактивност се очекува да биде главна причина за предизвикување на рак на дојката и рак на дебелото црево со околу 21-25%, на дијабетес 27% и околу 30% на исхемична срцева болест.

Препораки на СЗО за три старосни групи:

Деца и адолесценти на возраст од 5-17 години
Минимум 60 минути умерена до енергична физичка активност на ден. Треба да се применуваат активности кои ги зајакнуваат мускулите и коските, најмалку три пати неделно.

Возрасни од 18 до 64 години
Максимум 150 минути физичка активност со умерен интензитет или минимум 75 минути енергична физичка активност во текот на неделата, или еквивалентна комбинација на двете. Вежби за зајакнување на мускулите се доволни два или повеќе дена во неделата.

Возрасни над 65 години
Максимум 150 минути умерена физичка активност или 75 минути енергична во текот на неделата е доволно за одржување во здрава форма.

Кај возрасната група од 18-64 години, физичката активност вклучува активности во слободното време на пример: одење, танцување, градинарство, пешачење, пливање, пешачење или возење велосипед наместо моторни возила, физички активности во текот на работното време и дома, игра, спортување или планинарење. Глобалните препораки за физичка активност се примарна превенција од не заразните болести на населението, а примарна цел за креаторите на политиките на национално ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни