Кучињата учесници ќе бидат оценувани од судии од Северна Македонија, Србија, Перу, Литванија и Словачка. Најдобрите ќе имаат можност да добијат сертификат за државен шампион CAC и интернационален сертификат за првак во убавина CACIB.
Вчера беше одржана специјализирана изложба за расата шнауцер, а денеска е планирана специјализирана изложба за германски шпиц.