Производството на електрична енергија во нуклеарните централи може да достигне нов рекорд оваа година и да ја подобри енергетската безбедност, но треба да се решат низа прашања, како што се трошоците, пречекорувањето на буџетите и изворите на финансирање, наведува денеска Меѓународната агенција за енергија (IEA).
IEA во извештајот „На патот кон новата ера на нуклеарната енергија“ оценува дека новиот импулс за развој на нуклеарната енергија доаѓа од политиката, инвестициите и техничкиот напредок.
Како пример за напредок се наведуваат мали модуларни атомски централи (SMR), кои се градат побрзо, се поевтини и привлекуваат интерес од приватниот сектор.
SMR-ите би можеле до 2040 година да имаат капацитет од 80 GW, што би претставувало 10 проценти од вкупниот нуклеарен капацитет во светот, пишува во извештајот.
Нуклеарните централи, како втор најголем извор на електрична енергија со ниски емисии на штетни гасови по хидроелектраните, денес произведуваат помалку од 10 проценти од вкупната електрична енергија во светот, се наведува во извештајот на IEA, меѓувладината организација која веќе со години го поддржува развојот на нуклеарната енергија.
Во студијата се нагласува дека повеќето нуклеарни централи во светот се во развиените земји, но многу од нив се изградени пред неколку децении.
Сега, како што пишува извештајот, „глобалната мапа на нуклеарната енергија се менува и повеќето проекти се градат во Кина, која до 2030 година ќе ги надмине САД и Европа по нуклеарни капацитети“. Голем играч во областа на нуклеарната технологија е и Русија.
Во светот се градат 63 нуклеарни електрани, а од 52 реактора чија изградба започнала после 2017 година, 25 се градат според кинеската технологија, а 23 според руската.
Сите нуклеарни електрани изградени од 2020 година или кои се уште се градат, се базирани исклучиво на руска или кинеска технологија. Извештајот покажува дека во согласност со ова, географски е многу концентрирана производството и обогатувањето на ураниумот за нуклеарно гориво.
Тековно повеќе од 99 проценти од капацитетите за обогатување на ураниумот се во четири земји снабдувачи, а најсилен по капацитетит е Русија со удел од 40 проценти, изјави извршниот директор на IEA, Фатих Бирол.
Тој оцени дека ваквиот високо концентриран пазар за нуклеарни технологии, производство и обогатување на ураниум е потенцијален ризик за иднината и нагласи потребата од поголема диверзификација на ланците на снабдување.
„Денес е јасно дека се случува силен повраток на нуклеарната енергија, кој IEA го предвиде пред неколку години“, рече Бирол.
Тој изјави дека во светот се изградат нови капацитети за повеќе од 70 GW, што е најмногу во последните 30 години, а повеќе од 40 земји ширум светот одлучиле да го вклучат овој извор на енергија во својот енергетски систем. Во светот работат вкупно 420 нуклеарни централи, а во последните пет години земјите ширум светот одлучиле да го продолжат животниот век на повеќе од 60 електрани, пишува во извештајот на агенцијата чие седиште се наоѓа во Париз.
По учеството на електричната енергија од нуклеарните извори во енергетскиот микс во светот, во 2023 година на прво место беше Франција, која 65 проценти од својата електрична енергија ја добила од нуклеарните електрани.
Одма зад неа се Словачка, со нешто помалку од 65 проценти, следуваат Украина, Унгарија со околу 45 проценти, Финска, Белгија, Бугарија, Чешка, со околу 40 проценти, Белорусија, Словенија и Швајцарија, кои во 2023 година покриваат 35 проценти од своите електрични потреби од нуклеарни електрани.
Меѓу развиените земји според инсталираните нуклеарни капацитети, на крајот од 2023 година први беа САД, следени од Франција, Јапонија, Канада, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Значителен дел од овие електрани се постари од 20 години, а многу од нив се постари и од 40 години.
Меѓу растечките економии, Кина е прва, со повеќето свои нуклеарни електрани кои се помлади од 20 години, а по неа се Русија, Украина, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Пакистан и Бугарија.