Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“

-Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на таа заедница. Медиумските текстови денес имаат општествена функција и се еден вид „конверзација“ за актуелни прашања

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска  ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.

-Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на таа заедница. Медиумските текстови денес имаат општествена функција и се еден вид „конверзација“ за актуелни прашања, најавија од Институтот.

Обраќања ќе имаат директорката на Институтот за  македонски јазик Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор Катица Топлиска-Евроска, а промотор на Зборникот Јазикот во уметничката литература ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни