Меѓународниот ден на женскиот оргазам се слави на 8 август. Одбележувањето на овој ден започна во 2006 година, а тоа е ден во кој се слави правото на жената на сексуално задоволство.
Советникот Хозе Ариматеја Дантас Лацерда од бразилскиот град Есперантино, во студија спроведена од Федералниот универзитет во Пиауи, открил дека дури 28 отсто од жените од регионот не можат да постигнат оргазам.
Тој сметаше дека оваа студија покажува сериозен јавно здравствен проблем и одлучи да промовира законодавство што ќе се залага за правото на жените на задоволство. Во иницијативата е одлучено 8 август да биде датумот на прославување на женскиот оргазам.
Според Американската психолошка асоцијација, оргазмот е врв на сексуалната стимулација или активност. Ова се случува кога ќе се достигне врвот на задоволството. Кај жените, тоа е обележано со ослободување на напнатост и ритмички контракции на вулвата и аналните мускули, како и на карличните репродуктивни органи.

Не е потребно да имате секс за да постигнете оргазам. Иако женскиот оргазам генерално се класифицира како вагинален или клиторичен, тој може да се постигне со стимулирање на кој било друг дел од телото како што се градите или брадавиците, изјави сексологот Елиа Мартинез Родарте за мексиканскиот весник El Financiero.
Освен што дава задоволство, оргазмот има и моќни здравствени придобивки. Неодамна, Мариса Пир, терапевт од Лондон, изјави дека „придобивките од оргазмот се многубројни и секоја жена треба редовно да има пристап до нив, без разлика дали е во врска или не и без разлика на возраста“.
Меѓународниот ден на женскиот оргазам е од големо значење бидејќи темите за сексот, а особено за женскиот оргазам, долго време се табу тема во многу делови од светот.
Целта на овој ден е да се подигне свеста кај жените за важноста од познавање и истражување на нивните тела и да разберат што сакаат, што им причинува задоволство или едноставно што не им одговара.
Овој ден ја зајакнува самодовербата на жените ширум светот и ги тера да сфатат дека тие треба да се прашуваат за сите области од нивниот живот и што е најважно, да одлучуваат како да ја истражат својата сексуална природа и со кого.
Извор: N1