Меѓународен ден на биолошката разновидност 2025: Хармонијата со природата е патот кон одржлива иднина

Меѓународниот ден на биолошката разновидност е воспоставен во чест на Конвенцијата за биолошка разновидност, усвоена на 22 мај 1992 година, како прв глобален договор за заштита на биодиверзитетот

Секоја година на 22 мај, светот го одбележува Меѓународниот ден на биолошката разновидност, ден посветен на зачувувањето на природните екосистеми и разновидноста на живиот свет. Овој ден е воспоставен во чест на Конвенцијата за биолошка разновидност, усвоена на 22 мај 1992 година, како прв глобален договор за заштита на биодиверзитетот.

Биолошката разновидност претставува основата на животот на Земјата, обезбедувајќи храна, вода, лекови и стабилност на екосистемите. Денес, на планетата постојат над 2,13 милиони идентификувани видови, но научниците проценуваат дека 99,999% од видовите остануваат непознати.

Биодиверзитетот е клучен за: обезбедување на храна – над 80% од човечката исхрана потекнува од растенија. Во делот на здравјето и лековите, денес околу 80% од луѓето во руралните области користат традиционални хербални лекови. Биодиверзитетот и здравите екосистеми обезбедуваат вода, воздух и природни ресурси.

За жал, биодиверзитетот е под сериозна закана од човечките активности. Пред се поради губење на живеалишта, уништување на шуми, мочуришта и корални гребени, потоа климатските промени и глобалното затоплување кое ги менува екосистемите и предизвикува исчезнување на видови. Загадувањето – пластичниот отпад, хемикалиите и индустриските емисии го загрозуваат животот во водите и на копното. Поради прекумерниот лов и риболов – многу видови се на работ на исчезнување поради неконтролирана експлоатација.

Доказите покажуваат дека намалувањето на биолошката разновидност може да доведе до зголемување на зоонозите – болести што се пренесуваат од животни на луѓе. Од друга страна, зачуваната биолошка разновидност нуди силни алатки за борба против пандемии, како што се оние предизвикани од коронавируси.

И покрај сè поголемото признание дека биолошката разновидност е глобално богатство од огромна важност за идните генерации, одредени човечки активности значително го намалуваат бројот на видови. Со оглед на важноста на јавната едукација и подигањето на свеста за ова прашање.

Оваа година, Меѓународниот ден на биолошката разновидност се фокусира на врската меѓу биодиверзитетот и одржливиот развој, во согласност со Целите за одржлив развој (SDGs) и Глобалната рамка за биодиверзитет Кунминг-Монтреал.

Што можеме да направиме?

Заштита на природните живеалишта – поддршка на еколошки политики и одржливо земјоделство. Намалување на загадувањето – користење помалку пластика и одржливи извори на енергија.
Поддршка на локални иницијативи – учество во акции за пошумување и заштита на загрозени видови.

Биолошката разновидност е нашата заедничка одговорност. Со мали чекори, можеме да направиме голема разлика!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни