Меѓународен ден на јогата

Меѓународниот ден на јогата, воспоставен од Обединетите нации во 2014 година на иницијатива на Индија, е можност да се потсетиме на суштината на оваа древна практика – надвор од нејзината масовна комерцијализација.

Од своите корени во Ведите и Упанишадите, преку систематизацијата на Патанџали во „Јога сутри“, па сѐ до денешната глобална популарност, јогата отсекогаш била повеќе од физички пози. Таа е јазик на поврзаност, патека кон самоспознавање, духовна слобода и општествена свест.

За време на британскиот колонијализам, фигури како Свами Вивекананда ја користеле јогата како културно оружје на отпор и зајакнување. Подоцна, преку Кришнамачарија и неговите ученици, јогата го пронаоѓа својот пат кон Западот, задржувајќи ја суштината – врската помеѓу телото и заедницата, себеси и светот.

Од 60-тите години и социјалните движења, па до денес, јогата е начин на сочувствување, поврзаност и грижа – лична и колективна. Денес, низ градските простори постојат места што продолжуваат да ја негуваат јогата како искуствена и заедничка пракса, а не само техника.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни