Во скопското село Љубанци од денеска до 22 јуни по петнаесетти пат ќе се одржи Меѓународната ликовна колонија „Љубанци“, настан кој прерасна во значајна културна традиција со меѓународен карактер.
Колонијата и оваа година ќе обедини реномирани уметници од земјата и странство. Настанот има за цел не само да ја промовира современата ликовна уметност, туку и да овозможи културна размена и соработка меѓу уметници од различни средини.
Учесници на оваа ликовна колонија се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Емилија и Стојче Тоциновски, Боро Арсовски, Ахмед Кадри, Владан Ранѓеловиќ, Петар Ксиропота, Евин Ева Пешиќ, Зоран Бошковски, Маја Танева, Марија Светиева, Јован Наумовски, Петар Беслаќ, Павел Јовановски.

Колонијата „Љубанци“ е традиционално поддржана и спонзорирана од Општина Бутел како нејзина активност и поддршка на ликовната уметност, а организатор е Градско здружение на ликовните педагози – Скопје.