Во среда во 19 часот во Националната галерија Чифте Амам, во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, ќе се одржи концептуален меѓународен проект – „А потоа врнеше во длабоката фантазија“
Учесници: Рафет Јонузи- Косово/Австрија, Арета Мала- Косово/Холандија, Теута Јонузи- Словачка/Австрија, Худа Такрити – Австрија, Кристин Венцел – Романија/Австрија, Михаел Кос – Австрија, Марек Кветан – Словачка, Сорен Дахгард – Данска/Англија, Саша Буквац – Босна и Херцеговина, Славица Јанешлиева и Игор Сековски од Македонија.