По повод Меѓународниот ден на џезот кој традиционално се одбележува низ светот на 30 април, ве покануваме на незаборавен џез хепенинг кој оваа година ќе се одржи на две локации – Парк „Ибни Пајко“ и Македонски народен театар, со внимателно избрана програма која вклучува настапи на врвни џез артисти.
Во Македонски народен театар во 18:00часот ќе настапат Brian Marsella Trio (USA), а во Парк „Ибни Пајко“ програмата ќе започне во 16 часот со Џез за деца, по што ќе настапи Бојан Цветковиќ Квартет (SRB), YoYo Band (BG), Христијан Ристески Квартет (SL/MK/USA) и Trio Dragobert feat. Milagros Piñera (AU)
Влезот за сите концерти е слободен.Во случај на неповолни временски услови, сите концерти ќе бидат префрлени во салата на Македонскиот народен театар.
Дизајнот на промо материјалите е изработен од страна на дизајнерката Margarita Kocaleva за што сме ѝ многу благодарни, како резултат на нашата соработка со Brainster