Тие ја поднеле тужбата во понеделникот пред федералниот суд во Лос Анџелес. Темпо мјузик соопшти дека поседува дел од американските авторски права на When I Was Your Man, откако ги купиле од Филип Лоренс, кој ја напиша песната со Марс, Ари Левин и Ендру Вајат. Бруно Марс не беше именуван како тужител во тужбата.
„Секој обожавател на ‘When I Was Your Man’ од Бруно Марс знае дека ‘Flowers’ на Мајли Сајрус не го постигна целиот овој успех самостојно. Песната користи бројни мелодиски, хармониски и лирски елементи, вклучително и мелодискиот дизајн на висината и следот на стиховите, поврзувачката бас линија, одредени тактови на рефренот, одредени театарлни гласовни елементи, стиховни елементи и специфични прогресии на акордите“ се наведува во тужбата
„Врз основа на овие сличности, јасно е дека Flowers не би постоеле да не беше When I Was Your Man“, се наведува во тужбата.
Ролинг Стоун контактирал со претставниците на пејачката, но тие се уште не реагирале.
За потсетување, песната Flowers имаше над 42 милиони прегледи на YouTube во рок од четири дена од нејзиното објавување, а TikTok и Instagram беа преполни со видеа во кои жените ја користат песната за нивната содржина. Мајли ја објави песната на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт, а текстот на песната е посветен нему.
Тогаш, фановите забележаа дека текстот на песната е всушност нејзиниот одговор на „When I Was Your Man“ на Бруно Марс, кој Лиам наводно ѝ го посветил на Мајли додека биле заедно.
Песната на Сајрус беше прогласена за издание на годината и најдобра поп соло изведба, а беше номинирана и за песна на годината на Греми.