Компанијата Мајкрософт ги извести своите корисници дека од 3. март 2026 година, ќе престане да ги нуди 60 минути месечни „Скајп“ повици кон мобилни и фиксни телефони.
Корисниците на „Скајп“ ќе имаат можност да преминат бесплатно на „Мајкрософт Тимс Фри“ (Microsoft Teams Free), кој нуди слични основни функции, но и дополнителни можности. Преку пријавување во „Тимс“ со својот „Скајп“ налог, ќе може да ги прегледате вашите разговори и контакти и да продолжите точно таму каде што сте застанале. Оваа функционалност ќе биде достапна постепено, почнувајќи од корисниците кои се дел од програмата „Тимс Инсајдерс“.
Ако не сакате да користите „Тимс“, Мајкрософт нуди можност за извезување на вашите „Скајп“ податоци, вклучувајќи контакти, снимки на разговори и други важни податоци.
Од 1. октомври 2026, „Мајкрософт Публишер“ веќе нема да биде поддржан како дел од пакето „Мајкрософт 365“. Многу од функциите што ги користевте во „Публишер“ ќе бидат достапни во други апликации како „Ворд“, „ПоверПоинт“ и „Дизајнер“. Ако сте користеле „Публишер“, треба да ги конвертирате вашите постоечки датотеки во PDF или Ворд формат до 1. октомври 2026, бидејќи по оваа дата нема да можете да ги отворите или уредувате во „Публишер“.
Ова се само некои од значајните промени кои доаѓаат од Мајкрософт. Ако сте зависни од „Скајп“ и „Публишер“, време е да се подготвите за новите алатки и можности што ги нуди „Тимс“ и други Мајкрософт апликации.