Во извештајот се вели дека руските дезинформатори ја променила својата тактика, трошејќи помалку време на поткопување на републиканските кандидати и фокусирајќи се на демократите, со лажни видеа наменети да поттикнат стравови и да сеат раздор.
„Промената на фокусот на кампањата Харис-Валц го одразува стратешкиот потег на руските актери чија цел е да ги искористат сите воочени ранливости кај новите кандидати“, се вели во извештајот. „Првично, операциите на руското влијание се мачеа да ги развијат своите напори по заминувањето на претседателот Бајден од претседателската трка во САД во 2024 година. Меѓутоа, кон крајот на август и септември, внимателно набљудувавме двајца руски актери кои користат видеа дизајнирани да ја дискредитираат Харис и да предизвикаат контроверзии околу нејзината кампања“.
Едно видео покажува напад на приврзаниците на Харис врз присутните на митингот на Трамп. Друго ја обвинува Харис дека е вмешана во инцидент во 2011 година. Според лажната приказна таа со автомобил удирила 13 годишно девојче и избегала, поради што тоа останало парализирано. Двете приказни се лажни, но се вистински хит на социјалните мрежи.
Мајкрософт предупреди дека повеќе од овие трол-видеа најверојатно ќе се појават пред 5 ноември и најверојатно ќе вклучуваат актери и лажирања помогнати од вештачка интелигенција.
Извештајот доаѓа еден ден откако Мета објави дека им забранува на руските државни медиуми како РТ да ги користат нејзините апликации поради политичко мешање. Соединетите Американски Држави ја обвинија RT и вработените дека насочиле 10 милиони долари преку ентитети за тајно финансирање на кампањи за влијание на каналите на социјалните медиуми.
Иран и Кина исто така беа обвинети за обид за мешање во изборите. Минатиот месец, OpenAI објави дека открила „операција на иранско влијание“ користејќи ги нивните алатки за генерирање содржина за ширење дезинформации за претседателската трка во САД. Како резултат на тоа, компанијата затворила неколку профили.
Извор: Fortune