Мајкрософт отпушта 6.800 работници

Компанијата на крајот на јуни имала 228.000 вработени глобално, што значи дека новиот бран отпуштања ќе ги опфати околу 6.800 луѓе.

Американскиот технолошки гигант Мајкрософт соопшти дека ќе отпушти околу три отсто од својата глобална работна сила, што ќе влијае на илјадници вработени ширум светот.

Портпаролот на Мајкрософт изјави за CNBC:
– Продолжуваме со спроведување на неопходни организациски промени за да ја позиционираме компанијата за успех на динамичниот пазар.

Компанијата на крајот на јуни имала 228.000 вработени глобално, што значи дека новиот бран отпуштања ќе ги опфати околу 6.800 луѓе.

Ова е најзначајното намалување на бројот на работници во Мајкрософт од 2023 година, кога беа отпуштени 10.000 луѓе. За разлика од помалата рунда отпуштања од јануари 2025 година, која беше заснована на учинокот, овие нови отпуштања не се поврзани со учинок, вели портпаролот на компанијата.

И покрај најавата за отпуштање, вредноста на акциите на Мајкрософт достигна рекорден износ од 449,26 долари на затворањето на берзата во понеделник – што е највисока цена во 2025 година до сега.

Мајкрософт, како и многу други големи технолошки компании, се прилагодува на брзите промени на пазарот, развојот на вештачката интелигенција и промените во глобалната економија, па се повеќе спроведува реструктурирања и оптимизација на кадровите, пренесува Блиц.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најчитано

Последни колумни