Мажите постари од 40 години особено се „палат“ на две работи во сексот

Според неодамна спроведена анкета, мажите со над 40 години особено сакаат две работи, веројатно ќе се изненадите кога ќе прочитате кои се тие.

Од друга страна, помладите мажи се посклони кон експериментирање, што од една страна е логично.

Мажите сакаат брз и „валкан“ секс без никакви граници? Да, можно е. Според анкетата на интернет страницата „LeAffair“ значително се разликува желбата на мажите постари од 40 години и оние помладите.

Што ги возбудува средовечните мажи? Нежно, а не „валкано“ и грубо!

Верувале или не, мажите постари од 40 години најмногу сакаат романтика во кревет. Бакнувањето и нежниот секс, се наоѓаат на првото и второто место на нивните желби.

Потоа на листата следи нормален секс, а потоа и секс кога жената е облечена во секси долна облека и носи високи потпетици, SM играчки и секс во тројка.

Фотографирање или снимање за време на сексот воопшто не им паѓа на памет. А, каква е ситуацијата со помладите момчиња?

Мажите во 20-тите и делумно 30-тите години, барем според оваа анкета се подготвени да експериментираат во сексот. Секси фотографии и видеа? Тоа им е одлично! И, сексот со повеќе лица им е една од желбите.

Истражувањата покажале дека мажите сексуално се најактивни и најмоќни меѓу 20-тите и 30-тите години. Меѓутоа, тогаш сепак повеќе се концентрирани на квантитетот, а не на квалитетот во кревет.

Во средните 40-ти години животот најмногу се менува на квалитет во сексот. Потврдено е дека во добата од 45 години мажите, но и жените имаат помалку секс, но сексот тогаш станува значително поквалитетен.

Извор: krstarica.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни