Маж се разнесол со бомба пред продавница во Дарда во Хрватска

Денес, нешто пред 18 часот, пред локална продавница во Дарда, маж од ромска националност се разнесол со експлозивна направа. Настанот го потврдија и од Полицијата на Осјечко-барањската жупанија, чии службеници веднаш пристигнале на местото на настанот.

Според неофицијални информации од мештаните, станува збор за едно од две лица кои често престојуваат пред продавницата и се во тешка социјална и психичка состојба.

„Секогаш се тука, пијат. Очигледно имаат проблеми, а никој не се грижи за нив“, вели една жителка на Дарда.

Среќна околност е што децата од блиското основно училиште не биле во близина за време на експлозијата. Наставниците ги задржале учениците во училиште, кое се наоѓа на помалку од километар од местото на инцидентот.

Дел од вработените во продавницата се во шок, но не се повредени. Полицијата извршува увид за да го утврди начинот на кој дошло до трагичниот настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни