Маж се качувал на Ајфеловата кула пред затворањето на ЛОИ

Фото: X/@ChillaxBcn

Вчера, на последниот дел од Олимписките игри во Париз, маж се качувал на северната страна на Ајфеловата кула, а полицијата го уапсила на половина пат до врвот, пренесоа француските медиуми.

На социјалните мрежи може да се најдат видеа кои покажуваат како човекот без маица ги поминува олимписките кругови додека се качува на Ајфеловата кула без јажиња.

Во едно видео, насмеаниот качувач им вели на поминувачите покрај Ајфеловата кула дека е топло, додека полицијата го спроведува од видиковецот.

Најново

Последни колумни