Маж од Кипар собрал 15.000 монети и платил судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и десет центи, млад Кипранец пристигнал во судот во Лимасол за да плати парична казна од 500 евра, објави кипарскиот портал „Филењуз“.

Казната била за возење без дозвола, а според сајтот, изречена во 2022 година.

Мажот решил да ја плати, не со картица или готовина, туку со монетите спакувани во патничка торба тешка 50 килограми, која ја сместил во куфер.

„Филењуз“ пишува дека надлежните од судот му рекле дека парите не можат да ги примат во центи и дека мора да оди во банка за да ги смени.

Кипранецот, говорејќи за сајтот коментирал дека и центите се пари и дека е неприфатливо да не се прифаќаат.

Извор: philenews.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни