Матуранти во Загреб симнаа ЛГБТИ знамиња, се спротивстави случаен минувач и ги избрка

Матуранти се обиделе да ги симнат ЛГБТИ знамињата кои биле поставени во пресрет на овогодишниот „Загреб Прајд“ пред зградата на Хрватскиот народен театар, во зградата на ХНК во Загреб. Можеби ќе ги симнеа трите знамиња поставени на плоштадот, но им се спротиставил случаен минувач на велосипед.

Во видеото снимено од читателот на index.hr, јасно може да се види што се случило пред ХНТ.

Група од околу триесетина матуранти доаѓа до јарболот со знамето во боите на виножитото. Дел од матурантите почнуваат да го тресат јарболот, а едно од момчињата се обидело да се искачи со цел да го симне знамето, но не успеало во тоа.

За кусо време им се придружуваат и други матуранти. Повторно еден од нив се обидува да го направи тоа што не му успеало на претходниот младинец.

Упорноста кај момчињата не завршила. Трето момче се обидело да се качи на другиот јарбол, а како и на останатите, и нему му помагаат другите членови на групата. Во намерата ги спречува случаен минувач на велосипед, кој изреагирал и го симнал момчето од јарболот.

Потегот на случајниот велосипедист е поддржан и од граѓаните кои поминуваат во непосредна близина. На помош на човекот кој ги спречува матурантите во намерата му се придружуваат и останати граѓани, но и дел од учесниците во самата толпа.

Но, и покрај обидите да бидат запрени тие на крај го симнале ЛГБТИ знамето од третиот јарбол, фрлајќи го на земја.

Човекот кој ги запре матурантите е Алан Влахов, професор на Факултетот за применета уметност и дизајн, кој за Телеграм изјавил како се се случило.

„Кога стигнав на плоштадот „Мажураниќ“, видов група од дваесетина момци кои се собраат околу јарболите, а едно од момчињата, почна да се качува по јарболот за да го симне знамето. По него и друго момче се обиде, но на друг јарбол. Гледав и не можев да верувам. Им се приближив, го фатив едното момче за ногата, велејќи му да се симне“, раскажува Влахов.

Тој изјавил и дека откако се завршило сфатил што можело да се случи доколку разбеснетите момци му се спротивставиле и го нападнеле него.

„Едно од момчињата кое само немо го набљудуваше дивеењето на неговите врсници, откако се смири ситуацијата ми се заблагодари за потегот што го направив и дури ми пружи рака“, вели Влахов.

Откако толпата се расчистила, професорот го земал фрленото знаме и се упатил во училиштето каде го пријавил случајот. Во тој момент таму била и полицијата, за друг случај, па и на неа и раскажал што се случило. Полициските службеници го евидентирале настанот и направиле записник.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни