Олимпијадата годинава ја претвора Италија во глобална сцена на врвни атлети, дисциплина и перформанс. Додека олимпијците во Милано и Кортина се натпреваруваат за медали и рекорди, во Скопје истиот тој дух добива гастрономска форма.
Во центарот на градот, на улицата Дебарца, секојдневно се создаваат „златни кругови“ во форма на неаполитанска пица. Тоа е Matto Napoletano.
Локалот со години се наоѓа на престижни листи на најдобрите пицерии во Европа и светот, ставајќи го Скопје на мапата на вистинските љубители на наполитанската пица. Гостите зборуваат за автентичен италијански вкус, но зад сцената стои дисциплина, традиција и сериозна гастрономска посветеност.

Понудата на Matto Napoletano е автентична италијанска храна со јасен фокус на кујната на Наполи и гастрономската традиција на регионот Кампанија. Токму од таму потекнуваат основите на наполитанската пица и филозофијата на едноставна, но технички беспрекорна кујна, базирана на врвни суровини, минимализам и почит кон занаетот.
Олимписки тим – шампиони за пица, паста и еспресо
Како што на Олимпијадата секој спортист има своја дисциплина, така и во Матто секој член на тимот има своја улога. Пица и паста мајсторите, баристите за италијанско еспресо заедно со продажниот тим работат како олимписки состав. Синхронизирано, фокусирано и со постојан тренинг.
Наместо стартна линија, работна маса со тесто.
Наместо штоперица, термометар и време на ферментација.
Наместо финална трка, совршено испечена пица, врвно приготвена паста и сервирање со незаборавен перфоманс.
Како и кај олимпијците, успехот не доаѓа случајно. Тој е резултат на рутина, повторување и дисциплина.

Италија во неколку залци во Matto Napolеtano
Наполитанската пица е под заштита на УНЕСКО од 2017 година како нематеријално културно наследство. Од минатата година и италијанската кујна во целина е препознаена како културна вредност од глобално значење и е со печат на УНЕСКО. Наполи е прогласен за гастрономски град број еден во светот изминатата година како резултат кој произлегува оваа традиција.
И додека Олимпијадата во Милано и Кортина покажува како Италија изгледа на стадиони и планини, Матто покажува како истата таа Италија може да се вкуси во неколку залци среде Скопје.

Глобални стандарди и признанија
Матто е дел од престижниот гастрономски водич @50toppizza, веќе неколку години по ред меѓу 50-те најдобри во Европа и меѓу Top 100 во светот.
Добитник е и на наградите Peroni Nastro Azzurro – Best Beer Service и Best Pasta Proposal Europe, признанија што го потврдуваат целокупното гастрономско искуство.
Во најава е и сертификацијата од Associazione Verace Pizza Napoletana, највисок стандард за автентична неаполитанска пица.
Олимписка понуда за современата публика
Во менито се вклучени gluten-free опции, артикли без глутен, селектирано протеинско брашно и стандарди усогласени со халал и кошер принципи. Понудата е прилагодена и за атлети и активни спортисти, со фокус на балансирани оброци, енергија за перформанс и правилен recovery. Квалитетот, безбедноста и нутритивната свесност се вредности што природно ги поврзуваат спортот и гастрономијата.
Во Милано и Кортина се бркаат рекорди. Во Матто се создава и вкусува совршенство.