Massive Attack најавија нова музика за 2026 година и отворање на нова издавачка етикета

Легендарната британска група Massive Attack објави дека во 2026 година ќе издаде нов музички материјал.

Во порака споделена на нивните профили на социјалните мрежи, бендот напиша: „од следната година ќе објавиме архивa од материјал создаден во поновото минато. траките ќе бидат достапни физички и дигитално преку нов лејбл… со исклучок за Spotify“.

Оваа најава следи по изјавата на Роберт „3D“ Дел Наја дадена за NME минатата година, кога откри дека групата има нова музика „што ја чувале четири години“ поради спор со издавачката куќа. „Се надеваме дека ќе можеме да ја објавиме следната година и да одржиме неколку настапи“, рече тогаш Дел Наја.

Massive Attack последен пат издадоа студиски албум во 2010 година – Heligoland, додека нивното последно издание беше ЕР-то Eutopia од 2020 година.

Во најновата објава, групата ги повикува фановите: „За директни најави за изданијата во 2026 и специјални настапи, приклучете се на официјалниот WhatsApp канал на Massive Attack.“

Извор: Brooklynvegan

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни