Massive Attack ќе настапат на Арсенал фест во Крагујевац

Светски популарниот бенд Massive Attack ќе настапи на првата вечер, на 26-ти јуни, на Арсенал фест 2025 (26-28 јуни) на главната сцена во Крагуевац, соопштија организаторите на фестивалот, наведувајќи дека ова е подарок за публиката во Крагујевац и Србија за 15 години постоење на фестивалот.

Британскиот бенд, кој се смета за основач на трип-хопот, е најголемото глобално име кое некогаш се појавило на фестивалот во срцето на Шумадија. Тоа го потврдуваат, меѓу другото, и бројните награди што бендот ги освои во својата повеќедецениска кариера. Најзабележителни награди се Brit Award за најдобра британска танцова група, две MTV Europe Music Awards и две Q Awards.

„Нашето сегашно концертно шоу претставува најдлабок чекор напред во соработката помеѓу 3D и UVA (Обединети визуелни уметници). Се фокусираме на уништениот сон за самостојно, индивидуално ‘јас’ во контекст на глобалниот колапс на либералната демократија“, велат членовите на бендот Massive Attack, познати по својот социјален ангажман и борба за заштита на животната средина.

Веќе е најавено дека на 15-тиот Арсенал фест во Крагуевац ќе настапат уште еден легендарен британски бенд Faithless, светски фолк метал ѕвезди од Молдавија The Hu, францускиот кросовер бенд La Femme и регионалната атракција, словенечкиот Joker Out.

Поединечните билети за првиот фестивалски ден (26 јуни) ќе бидат пуштени во продажба од четврток, 13 февруари во 10 часот на сите продажни места и на веб-страницата Tickets.rs. Влезниците за сите три фестивалски дена се веќе пуштени во продажба по цена од 4.900 динари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни