Масовно пукање во Чикаго, има загинати и повредени

Меѓу загинатите има двајца мажи и две жени, а од 14-те ранети, тројца се во критична состојба и се хоспитализирани

Нов случај на вооружен напад ги потресе Соединетите Американски Држави.

Четири лица се убиени, а 14 се ранети во масовно пукање во Чикаго во среда вечерта, соопшти полицијата.

Масакрот се случил во населбата Ривер Норт, кога најмалку еден вооружен човек излегол од автомобил и отворил оган врз толпата што стоела надвор, објавува ABC News.

Напаѓачот веднаш се вратил во автомобилот, кој избегал од местото на настанот, а тој во овој момнет се уште е недостапен за полицијата.

Меѓу загинатите има двајца мажи и две жени, а од 14-те ранети, тројца се во критична состојба и се хоспитализирани. Жртвите биле претежно на возраст меѓу 20-тите и 30-тите години возраст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни