Масовнo пукање во САД: Тројца мртви и 14 повредени

Жртвите, на возраст од 16 до 36 години, биле испратени во сите три локални болници и Универзитетскиот медицински центар Ел Пасо

Три лица загинале, а 14 се повредени во масовното пукање кое се случила денес во американската држава Ново Мексико, соопштиле локалните власти.

Никој не е уапсен, но полицијата вели дека „активно ги следи уште некои траги“.


Жртвите, на возраст од 16 до 36 години, биле испратени во сите три локални болници и Универзитетскиот медицински центар Ел Пасо, регионален центар за трауматологија, според полицијата и болничките официјални лица. Шест пациенти пристигнале во Меморијалниот медицински центар во Лас Крузес со возила за итна помош и автомобили, од кои пет биле пренесени во Ел Пасо, изјавил директорот за комуникации Ендрју Каминс.

Двајца 19-годишници и 16-годишник загинале, соопштила полицијата. Имињаната на жртвите не се соопштени.

Полицијата побарала од сведоците да споделат видеа и други информации додека продолжуваат со потрагата по осомничените за нападот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни