Нов случај на вооружен напад ги потресе Соединетите Американски Држави.
Четири лица се убиени, а 14 се ранети во масовно пукање во Чикаго во среда вечерта, соопшти полицијата.
Масакрот се случил во населбата Ривер Норт, кога најмалку еден вооружен човек излегол од автомобил и отворил оган врз толпата што стоела надвор, објавува ABC News.
Напаѓачот веднаш се вратил во автомобилот, кој избегал од местото на настанот, а тој во овој момнет се уште е недостапен за полицијата.
Меѓу загинатите има двајца мажи и две жени, а од 14-те ранети, тројца се во критична состојба и се хоспитализирани. Жртвите биле претежно на возраст меѓу 20-тите и 30-тите години возраст.