Демонстрантите ги блокираа главните железнички станици во Белград, како најава за железничка блокада против ископувањето на литиум во Србија

Масовни протести против рудниците за литиум во Србија

Илјадници граѓани протестираа во Белград против плановите за ископување на еден од најголемите депозити на литиум во Србија, важен материјал за батериите за електричните автомобили.

Активистите велат дека ископувањето на овој рудник ќе предизвика непоправливи штети по животната средина во Србија.

Дозволата за рударење на гигантот Рио Тинто беше повлечена во 2022 година, по протести низ целата земја, но беше повторно вратена минатиот месец по судска одлука и премислување на владата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ уверува дека еколошките протоколи ќе бидат запазени, но демонстрантите вчера маршираа низ српскиот главен град барајќи Рио Тинто да си замине од Србија.

Според српското министерство за внатрешни работи на протестите имало од 24 до 27 илјади граѓани, а демонстрантите ги блокираа главните железнички станици во градот, како и дел од главните сообраќајници кои водат до и од Белград.

Полицијата во раните утрински часови, околу 5 и 30 часот, ги опколи граѓаните кои цела ноќ ја поминаа на улиците и ги растеруваше. Двајца активисти биле уапсени, бидјеќи не сакале да ја напуштат железничката станица, пишува Н1 Србија.

Активистот Златко Кокановиќ од „Не го даваме Јадар“ најави синоќа дека на различни места низ Србија ќе се блокира железничкиот сообраќај низ Србија.

Протестот започна во центарот на Белград, а според независните проценки учествувале над 40 илјади граѓани.

Околу полноќ се случил и инцидент, кога еден автомобил влетал во собраните демонстранти при што повредени биле три лица и морало да интервенира итна медицинска помош, објави Н1 Србија. Возачот на автомобилот избегал од местото на инцидентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни