Вечерва во центарот на Скопје се случила масовна тепачка пред ресторанот „Дукат“. Според првичните информации, на местото на инцидентот интервенирале повеќе полициски патроли поради нарушување на јавниот ред и мир.
Две лица се уапсени по тепачка која вечерва се случила меѓу гости пред познат ресторан во населбата Капиштец во ценарот на Скопје. На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вечерва имаше неколку полициски возила.
Од МВР велат дека вечерва во 20 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир на паркингот пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов.
„По интервенцијата на полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се две лица“, велат до МВР.