Масовен протест во Тел Авив: Запрете ја војната, ослободете ги заложниците од Газа

Масовен протест во Тел Авив собрал над 100.000 луѓе кои бараат крај на војната во Газа и ослободување на заложниците. Израелската влада под притисок дома и од странство.
epa12291686 Families of Israeli hostages held by Hamas in Gaza and their supporters attend a protest calling on the government to sign a hostages release and ceasefire deal, outside the Kirya military headquarters in Tel Aviv, Israel, 09 August 2025. According to the Israeli army (IDF) spokesperson, around 50 Israeli hostages remain in captivity in the Gaza Strip, including the bodies of at least 30 confirmed dead. EPA/ABIR SULTAN

Илјадници демонстранти излегоа в;era вечер на улиците на Тел Авив, барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците.

Израелската влада се соочува со остри критики и во земјата и од странство, вклучувајќи некои од нејзините најблиски европски сојузници, поради најавата дека армијата ќе ја прошири војната.

Израелскиот безбедносен кабинет се согласи да започне нова воена офанзива со цел целосна контрола врз градот Газа. Целите, според израелската влада, вклучуваат разоружување на Хамас, враќање на заложниците, демилитаризација на Појасот Газа и „израелска безбедносна контрола во Појасот Газа“.

Јавна поддршка за ослободување на заложниците

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека огромното мнозинство Израелци го поддржуваат завршувањето на војната со цел ослободување на преостанатите 50 заложници кои ги држат милитантите во Газа. Израелските власти веруваат дека околу 20 заложници сè уште се живи.

Поголемиот дел од досега ослободените заложници беа вратени преку дипломатски преговори. Преговорите за прекин на огнот, кои можеа да доведат до ослободување на повеќе заложници, пропаднаа во јули.

Во Тел Авив се чести собири на кои се бара од владата да постигне прекин на огнот и договор со Хамас за заложниците.

На саботниот протест, според организаторите, присуствувале над 100.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни