Маскирани напаѓачи демолираа кафе-бар во Ваљево додека газдите биле на протест (ВИДЕО)

Ваљевските студенти во блокада соопштија дека синоќа група маскирани лица упаднала во работилница на таткото на нивна колешка и целосно ја демолирала, при што нејзиниот татко и уште еден човек биле тешко претепани. Истовремено, непознатите напаѓачи го уништиле и познатиот кафе-бар „Сквер“ во Ваљево, во моментот кога сопствениците биле на протест на граѓаните.

Студентите предупредуваат: „Кренале рака и врз нашите семејства“

Студентите од Стоматолошки факултет, кои учествуваат во студентските блокади, објаснија дека насилниците користеле метални палки и брутално го нападнале сопственикот на работилницата и човекот што бил со него. Неколку часа подоцна се појавија и вознемирувачки снимки на социјалните мрежи каде се гледа како група маскирани лица со бејзбол палки и фантомки упаѓаат во кафе-барот и кршат сè што им се најде на патот – маси, столици, инвентар и шанк.

„Момци во црно ги нападнаа гостите“

Сопственикот на „Сквер“, Живановиќ, изјавил за медиумите дека кога се вратил од протестот, видел „седум-осум момци облечени во црно со волнени чорапи на глава и бејзбол палки“ како истрчуваат од локалот.

„Видов дека е уништен целиот локал, гостите беа нападнати, а една вработена заврши во Ургентниот центар. Сè искршија и потоа избегаа. Причината е јасна – политичка. Прашајте го градоначалникот“, додал тој.

Политичка позадина на нападите?

Студентите и сопствениците на нападнатите објекти сметаат дека нападите се директно поврзани со нивното учество во протестите и со критиките упатени кон локалната власт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни