Тужбата, поднесена во Калифорнија, наведува дека OpenAI „на незаконит начин“ ги привлекува вработените од xAI со знаење за изворен код, стратешки планови и оперативни предности, како што е лансирањето дата-центри.
Обвинувања за систематска кампања
Како дел од постапката, xAI посочува дека OpenAI ги ангажирал поранешниот инженер Џими Фрајтур, висок финансиски директор (чиј идентитет не е објавен), како и инженерот Xuechen Li, кој е обвинет и во посебна тужба за пренесување доверливи информации.
Во документите се прикажува и е-пошта што адвокатот на Маск, Алекс Спиро, ја испратил до поранешен извршен директор на xAI, обвинувајќи го за кршење на доверливост. Одговорот на поранешниот вработен бил една единствена реченица: „suck my dick“.
Позадина на конфликтот
Ова е уште една правна битка во долгогодишното ривалство меѓу Маск и Сем Алтман. Маск беше ко-основач на OpenAI во 2015 година, но ја напушти компанијата во 2018 по неуспешен обид да преземе контрола. Од тогаш го обвинува Алтман за предавство на основачките принципи – дека наместо за доброто на човештвото, OpenAI се свртел кон профит и партнерства со корпорации како Microsoft.
Минатиот месец Маск поднесе уште една тужба против OpenAI и Apple, обвинувајќи ги за монополско однесување и фаворизирање на ChatGPT.
Војна за таленти и пазар
Новата тужба се случува во ек на жестока конкуренција меѓу технолошките гиганти за регрутирање на водечки експерти за вештачка интелигенција. Компании како Meta инвестираат огромни суми за да привлечат истражувачи и да добијат предност во трката за развој на се помоќни модели на АИ.
Извор: The Guardian