Маск продолжува да сее гнев и омраза пред избори: Ја поддржа ултра десничарската АфД во Германија

Јужноафриканскиот милијардер Илон Маск, кој требаше да се приклучи на администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп како надворешен советник, се замеша и во предизборната кампања во Германија во петокот, нарекувајќи ја екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) спасител на земјата.
Фото: James Duncan Davidson

AfD е втора во анкетите и можеби ќе може да го спречи мнозинството од десниот или од левиот центар, но мејнстрим, поцентристички партии во Германија ветија дека ќе ја избегнуваат поддршката од AfD на национално ниво.

Водечката сила во Европа се очекува да гласа на 23 февруари откако пропадна коалициската влада на левиот центар предводена од канцеларот Олаф Шолц.


„Само АфД може да ја спаси Германија“, напиша Маск во објавата на својата платформа за социјална мрежа „Х“ со што и јавно застана на страна на крајно десната германска партија, против која протестираат голем број на Германци.

Маск, најбогатиот човек на светот, веќе изрази поддршка за другите антиимиграциски партии низ Европа.

Германската влада соопшти дека ја забележала објавата на Маск, но одби да даде дополнителни коментари на својата редовна прес-конференција.

Маск повторно ја објави пораката на германската десничарска инфлуенсерка Наоми Сеибт која го критикуваше Фридрих Мерц, кандидат за канцелар на конзервативците, кои удобно напредуваат во анкетите.

Шолц на прес-конференција рече: „Слободата на говор значи и дека можеш да кажеш работи што не се исправни и не содржат добри политички совети“.

Маск веќе изрази поддршка за AfD минатата година, кога ја нападна германската влада како се справува со илегалната миграција.

Минатиот месец Маск повика на отпуштање на италијанските судии кои се сомневаа во законитоста на владините мерки за спречување на нерегуларна имиграција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни