Маск најави аудио и видео повици на социјалната мрежа Х (Твитер)

Американскиот милијардер Илон Маск денеска објави дека на неговата социјална мрежа Икс (Твитер) ќе бидат воведени видео и аудио повици.

„Ќе работи на iOS, Android, Mac и PC уреди. Нема да биде потребен телефонски број. X ќе биде глобален директориум“, напиша Маск.

Тој додаде дека сетот од тие опции ќе биде „уникатен“.

Извор: euronews.rs

Најново

Последни колумни