Извршниот директор на компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX), Илон Маск, изјави дека приоритет му е визијата за живот на Марс, додека неговиот ангажман во Одделението за владина ефикасност (DOGE) се приведува кон крај.
Маск во интервју за „Фокс њуз“ ги сподели резултатите од истражувањето на тимот на DOGE кој се занимавал со владини „измами“, а потоа ја прошири својата идеја за колонизација на Марс како „животно осигурување“ за човештвото.
„Марс е животно осигурување. На крајот, целиот живот на Земјата ќе биде уништен од Сонцето. Сонцето постепено се шири, така што на некој начин ќе мора да станеме повеќепланетарна цивилизација, бидејќи Земјата ќе биде уништена“, изјави Маск во интервјуто.