Американската вселенска компанија Blue Origin денеска успешно ја лансираше ракетата Њу Глен (New Glenn). Компанијата, во сопственост на основачот на Амазон, Џеф Безос, има цел да го достигне својот ривал, SpaceX на Илон Маск.
Ракетата висока 98 метри успешно беше лансирана околу 02:00 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, и покрај помалку од оптималните временски услови.
Првиот лет на оваа моќна ракета се очекуваше со години и неколкупати беше одложуван. Во понеделникот мисијата беше откажана во последен момент поради технички проблем.
Ако мисијата оди според планираното, ракетата ќе стигне во орбитата и ќе изврши орбитален лет.
Компанијата на Џеф Безос веќе ги носи туристите во вселената на неколку минути со својата ракета Њу Шепард, но не изведе ниту еден орбитален лет.
Илон Маск му честиташе на Безос за неговиот успех на X.
„Честитки што стигнавте до орбитата во вашиот прв обид!“ – напиша Маск.