Маск јавно ги објави наодите од тестот за дрога

Извршниот директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи мали дози на кетамин за борба против депресивните тенденции

Американскиот мултимилијардер и довчерашен соработник на Доналд Трамп, Илон Маск ги објави резултатите од својот тест за дрога на социјалните мрежи X.

„LOL“(кратенка за гласно смеење) напиша Маск, споделувајќи фотографија од резултатите од тестот, кои покажаа дека е негативен на која било од тестираните дроги.

Овој потег на Маск доаѓа откако The New York Times неодамна објави дека тој земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на минатогодишната изборна кампања.

Маск, извршниот директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи мали дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно.

The New York Times ја базираше својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни