Масив Атак планираат фестивал на кој ќе се користи ислучиво обновлива енергија

Групата Масив Атак се подготвува за иновативен еднодневен фестивал кој целосно ќе се напојува со обновлива енергија. Бендот го замислува овој настан како прототип, со цел да постави нов стандард за одржливост во музичката индустрија, за која веруваат дека значително заостанува зад она што треба да биде во однос на еколошките прашања.

Според основачкиот член Роберт Дел Наја, тие веќе ја поседуваат технологијата потребна за значително да се минимизира влијанието на музичката индустрија врз животната средина.

„Често се дискутира  за ,,чекање на технологија’’ , но вистината е дека технологијата е веќе достапна  и постојат остварливи методи“ – вели Дел Наја, познат како 3D.
Тој ја изрази желбата на Масив Атак , овој настан да послужи како „доказ за концепт“ за музичката индустрија, покажувајќи дека фестивалите со ниска емисија на јаглерод навистина се остварливи.

Настанот, кој ќе се одржи на 25 август 2024 година на Клифтон Даунс, ќе биде 100% напојуван од обновливи извори на енергија. Секој извор на енергија ќе биде батерија или соларна енергија , продавачите на храна ќе бидат проверени за да се осигураат дека користат локални производи и ќе се создаде „климатски отпорна шумска плантажа во југозападниот регион“ .

Овој фестивал го означува најновиот напор на групата во однос на турнеите и одржливоста. Уште во 2019 година, тие соработуваа со Тиндал центарот на Универзитетот во Манчестер за да го проценат јаглеродниот отпечаток на турите, создавајќи „патоказ“ за индустријата. Оваа иницијатива ги повика сите музичари да ја намалат опремата што ја носат и да престанат да користат приватни авиони за патување.

Фестивалитевеќе направија некои промени, како што е забранета пластиката за еднократна употреба на многу локации. Во 2000 година, Гластонбери почна да сади дрвја во локалната средина, кои апсорбираат 800 тони стакленички гасови годишно и обезбедуваат фестивалот да има „ позитивно влијание врз климата“.

Настанот на Massive Attack е насочен кон најголемиот извор на емисии на јаглерод поврзан со свирките: транспортот за посетителите.

Марк Дон, филмски режисер и активист за климатските промени кој има работено со Масив Атак на неколку проекти, рече дека 65% до 85% од емисиите на јаглерод доаѓаат од патувањата на публиката. Тој рече дека тоа е нешто со кое индустријата не сака да се соочи. „Ова ќе биде првото шоу што значајно се занимава со тоа“, рече тој.

Massive Attack ќе им даде приоритет на локалните посетители кога станува збор за билети, препорачуваат патување со воз, а организаторите ставаат бесплатни електрични автобуси за да ги префрлат посетителите назад до станицата Бристол Темпл Медс, доколку дошле од подалеку.

Дел Наја, исто така, ги повика уметниците да престанат да бидат „зелени пераи“ за музичката индустрија. „Ќе носиме маици „климата се промени“ и ќе даваме изјави од сцената“, рече тој, истовремено сугерирајќи дека некои групи можеби играат на настани каде спонзорите имаат врски со фосилни горива. „На крајот на краиштата, уметниците треба да направат малку повеќе истражување за тоа во што навлегуваат“.

Во 2021 година, бендот се надеваше дека ќе свири одржлива свирка во Ливерпул, но ја откажа кога беше откриено дека местото исто така требало да биде домаќин на саем за оружје.

Извор: https://www.theguardian.com/music/2023/dec/05/massive-attack-plan-festival-powered-by-100-renewable-energy

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни