Масив Атак импресионираа со современа музичка продукција и со својот активизам за социјална правда

Славниот британски бенд Massive Attack синоќа одржа моќен концерт на Стадионот на АРМ во Скопје, во рамките на фестивалот “Skopje Calling” во организација на Авалон. Покрај музичкото, звучното и визуелното доживување, публиката овој пат целосно резонираше и со општествено-активистичките пораки со кои бендот подолго време се спротиставува на агресиите врз Украина и Палестина, како и на глобалните центри на моќ на кои производството и трговијата со оружје им е приоритет.

Покрај политичките пораки за Блискиот Исток, Massive Attack испорачаа и силна критика на климатските промени, корпоративната експлоатација и глобалните неправди. Настапот ја потврди репутацијата на бендот како уметнички и активистички глас во борбата за поправеден свет.

Концертот остави силен впечаток кај присутните – не само поради музиката, туку и поради храброста и доследноста со која Massive Attack стојат зад своите ставови.

Фотографии: Надица Манева Ангеловски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни