„Масив атак“ го откажаа настапот во Грузија поради кршењето човекови права во земјата

Фото: Викимедиа комонс/Платонова Алина

Музичката група „Масив атак“ го откажа настапот во Грузија, кој требаше да се случи на 28 јули, во знак на протест против нападот на грузиската влада врз основните човекови права. Како што велат од бендот, доколку настапат во државната арена „Црно море“, тоа може да биде протолкувано како поддршка за владиното насилство против мирните протести и граѓанското општество.

„Тепањето, апсењето, заканувањето и насилството против мирните демонстранти, активисти и противници, заедно со законите со кои се оцрнува граѓанското општество и се негираат ЛГБТИ правата, е против се за што се залагаме“ велат од бендот.

Тие додаваат дека застануваат во поддршка со мирните протести кои се против државното насилство во Грузија и даваат поддршка  нивниот глас да биде слушнат.

„Ќе се вратиме и ќе настапуваме со вас во слобода“ се вели во соопштението на бендот.

Стотици илјади Грузијци со месеци протестираат против владиниот закон за „странски агенти“, кој ги обврзува медиумите и граѓанските организации кои имаат повеќе од 20 отсто примања од странство да бидат регистирани како „организации кои служат на интересите на странски сили“.

Ваквиот закон беше опишан од Брисел како пречка во пристапувањето во ЕУ на Грузија, а Стејт департментот на САД исто така изрази загриженост поради овој закон инспириран од Русија.

Граѓаните на Грузија кои протестираат против законот се апсени на улиците, а политичките протовници на власта се тепани од полицијата, но и од непознати банди.

Критичарите и во Грузија, но и од надвор, дополнително ги загрижи и нацрт-законот со кој би се забраниле истополовите бракови, за само хетеросексуалците да може да посвојуваат деца.

Истовремено, сите симболи за ЛГБТИ+ луѓето би биле избршани од јавните простори, согласно предлог законот, а во училиштата би било забрането да се овозможуваат информации кои наводно „промовираат припаѓање на друг пол или истополови односи“.

Организаторите на концертот на „Масив атак“ првично објавија дека настапот се откажува поради „непредвидливи причини“ и соопштија дека нема да ги вратат парите на фановите кои веќе купиле билет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни