Машките пругасти октоподи користат отров за да ги спречат женките да ги изедат по парењето

Истражувачите од Нов Зеланд открија дека машките октоподи со сини пруги користат отров за да ги парализираат женките за време на парењето, за да се спасат и да не бидат изедени.
Фото: MurkySeb, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Женките од овој вид октопод се значително поголеми и посилни од мажјаците, поради што е поголема веројатноста по парењето да ги изедат.

За да се избегне ова, мажјаците инјектираат отров, тетродотоксин, во аортата на женката на почетокот на парењето.


„Сексуалниот канибализам е многу чест кај цефалоподите“, вели д-р Вен-Сунг Чунг од Универзитетот во Квинсленд.

Овој отров ја парализира женката, што му овозможува на мажјакот успешно да пренесува сперма.

По парењето, кое трае од 40 до 75 минути, женката закрепнува и продолжува со својот нормален живот.

Иако тоа е многу необична стратегија, му помага на мажјакот да ги пренесе своите гени на следната генерација.

Женките октоподи со сини пруги снесуваат јајца и поминуваат околу шест недели без храна, грижејќи се за јајцата, што одзема многу од нивната енергија.

Чунг оваа необична техника на парење ја нарече „еволутивна трка во вооружување“ меѓу двата пола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни