Одбојкарската репрезентација на Македонија, пласман на Европското првенство наредната година. Во последното коло, Македонија ја победи Грузија со 3:0 (25:13, 25:16, 25:17).
Македонија мораше да ја победи Грузија во три сета и да не загуби повеќе од 68 поени. Поради тоа македонските одбојкари максимално сериозно му пристапија на натпреварот. Експресно го добија првиот сет, во ист ритам продолжија и во вториот.
Мало опуштање следеше во третиот сет кога Грузија водеше 9:11, но тогаш се појави Ѓеорѓиев со серија добри сервиси, Македонија се одлепи на 18:12 и рутински го заклучи сетот.
Во македонската репрезентација најефикасен беше Никола Ѓорѓиев со 17 поени, додека Филип Савовски освои девет поени во триумфот.
Македонија во 2026 година четврти пат во историјата ќе учествува на Европско првенство.